Вечерва (19 часот) почнува плеј-офот за пласман во Втората кошаркарска лига на Македнија, во таа рамка и мечот Мега баскет (Прилеп) – Младинец (Скопје). Прилепчаните својата сила ја покажаа во Б-групата од Третата лига, каде со само 1 пораз и дури 13 победи го зазедоа првото место, така што како фаворити влегуваат и во оваа фаза, каде се потребни по две победи против два противника, од кои првиот е Младинец.
Во пресрет на вечерашниов дуел во исполнетата сала од ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп, еве ги изјавите на Даналил Домлески, претседателот и Стефан Стевананџија, тренерот и играч на Мега баскет: